ПАТОТ ДО СЛОБОДАТА СТИГНА ВО СКОПЈЕ Изложба за 250 години американска независност

Историја, интерактивни содржини и пораки за слободата и еднаквоста – посебен фокус на младите.

ПАТОТ ДО СЛОБОДАТА СТИГНА ВО СКОПЈЕ Изложба за 250 години американска независност
Фото: Принтскрин

Во Скопје денеска беше отворена изложбата „Road to Liberty“ („Патот до слободата“), посветена на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.

На отворањето присуствуваа претставници на Градот Скопје, вршителката на должноста амбасадор на САД Никол Варнс, како и претставници на Амбасадата на САД и Американското катче во Скопје.

Изложбата преку историски приказни, идеи и интерактивни содржини ја претставува историјата на САД, со посебен акцент на вредностите на слободата, еднаквоста и човековото достоинство.

Посебно внимание е посветено на младите, со цел преку изложбата да се поттикнат интересот за историјата, културната размена и поврзувањето меѓу младите од двете земји.

Од Градот Скопје посочија дека настанот претставува можност за дополнително зајакнување на пријателството и соработката меѓу Северна Македонија и САД, како и за создавање нови можности за културна размена и споделување знаење.

Градот упати благодарност до Амбасадата на САД и Американското катче за соработката, со порака дека партнерството ќе продолжи преку нови иницијативи од интерес за граѓаните и младите.

Во рамки на настанот беше упатена и честитка по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.

CATEGORIES
Share This