ПАКЕТИТЕ ОД КИНА ЌЕ ЧИНАТ ПОВЕЌЕ – 3 евра по категорија стока

Привремениот период ќе трае од јули 2026 до јули 2028 година

ПАКЕТИТЕ ОД КИНА ЌЕ ЧИНАТ ПОВЕЌЕ – 3 евра по категорија стока
Фото: Принтскрин

Советот на Европската Унија официјално одобри воведување на нови царински давачки за мали пакети кои пристигнуваат во ЕУ, главно од Кина и тоа такса најмалку 3 евра по категорија стоки во пакет. Причина е што бесцаринскиот увоз создава нелојална конкуренција за продавачите во ЕУ.

Статистика покажува дека дури 91% од 4,6 милијарди мали пакети во 2024 година потекнуваат од Кина.

Царината ќе се применува на начин што ќе се ослободуваат од царина пакети до 150 евра. Преоден период ќе биде од 1 јули 2026 до 1 јули 2028 година, со фиксна царинска давачка од 3 евра за стоки до 150 евра. Постојниот систем од 2028 година ќе пресметува царина според редовни стапки, кога ќе стартува новиот Центар за царински податоци на ЕУ.

Царината ќе се пресметува по категорија стока, а не по пакет како целина. Пример пакет со 1 свилена блуза (Категорија 1) и 2 волнени блузи (Категорија 2) ќе се плати 3 евра за свилената блуза и 3 евра за волнените блузи. Ако пакетот има три различни категории стоки, царината изнесува 9 евра.

Мерката се однесува на пакети испратени директно до потрошувачите и се очекува да има позитивен ефект врз буџетот на ЕУ и јавните финансии на земјите-членки, пренесува Еуроњуз.

CATEGORIES
TAGS
Share This