ПАДНА ВУЧИЌ, КОЈ Е СЛЕДЕН Работничката партија повикува на рушење на постојниот систем
Време е за систем во кој за секое побитно прашање ке одлучува народот директно на референдум, а власта секои две години на референдум ке бара доверба од народот.

Почитувани грагани на Македонија, почитувана работничка класо!
Падна уште еден бастион на системот, падна Вучиќ.
Дали тоа значи дека и нашите власти кои 36 години го градат истиот систем како и во соседна Србија конечно ке заминат од политичката сцена во Македонија.
Но за тоа да се случи потребно е лугето да се запознаат со вистината и да престанат да живеат во лаги и манипулации. Велат дека во политиката ако некој еднаш ве излаже таков политичар е минато свршено време.
Но кај нас владеачките политичари се одбрани манипулатори кои постојано лажат, толку дрско што дури е повеке од очигледно дека за нив народот е безначајна маса со која манипулираат со цел да и служат или да бидат дел од црвената буржоазија.
Сведоци сме на протести во многу држави во Европа, но нашите медиуми никогаш дури не ни пробаа да ни објаснат што бараат демонстрантите.
На секој начин се обидуваат да го заташкаат тоа. Барањата се многу искрени и праведни. Демонстрантите бараат промена на системот во кој една мала група на луге во чија служба се властите постојано го зголемува своето богатство додека работничката класа го губи својот стандард.
Време е за вистински промени во политичкиот систем на Македонија, време е да изградиме систем во кој ке биде ценет трудот, во кој земјоделецот ке биде човек со гарантирана сигурност, со силна национална економија од богатиот домашен асортиман во кој по примерот на ирското стопанско чудо Македонија ке изгради фабрики и ке ги експлоатира сопствените национални богатства како рудниците водите, воздухот.
Време е за систем во кој за секое побитно прашање ке одлучува народот директно на референдум, а власта секои две години на референдум ке бара доверба од народот.
Промените се потребни за рушење на режимот, но потребни се идеи кои ке ги оправдаат промените и ке донесат вистински просперитет.
Македонија тоа го може!
Тоа го може најбројната работничка класа!
Да живее работникот!

