КОЈ ГО УКРАДЕ МАКЕДОНСКИОТ РАБОТНИК Лидерот на Работничката партија Горан Зафировски со повик за борба против системот
Лидерот на Работничката партија ги повика работниците да се изборат за повисок стандард и поголема вредност на својот труд. Бара ревизија на приватизацијата, одговорност за уништените индустриски капацитети и работничката класа директно да одлучува за иднината на државата.

Лидерот на Работничката партија, Горан Зафировски, денеска имаше обраќање до работниците, повикувајќи ги на борба за поголеми работнички права, повисок животен стандард и враќање на достоинството на трудот. Во изјавата се вели:
-„Во секое современо општество постојат две класи – работничка класа тоа се лугето кои живеат од својот труд и остваруваат плата, и капитал класа која живее од трудот на работникот и профитот што тој му го остварува.
Многу луге, работници кои работат во разни струки како доктори, инженери, министри административци, судии и други се замислуваат дека се принцови и принцези но и тие се работничка класа најчесто во служба на капитал класа.
Од создавањето на независна македонија до денес, сведоци сме на едно континуирано пропагање на стандардот на работникот, што предизвика повеке стотици илјади млади луге да ја напуштат државата и во потрага за подобар стандард да се населат секаде низ светот. Во такви услови нашата власт дрско на нивно место носи работници од сиромашни земји за да им угодат на работодавачите да остваруваат екстра профити од кои и тие имаат корист.
Во деведесетите години, беше донесен катастрофален закон за приватизација, кој допринесе за уништување на нашето стопанство, уништувајки притоа многу работни места.
Никогаш ниту една власт не се обиде да ја исправи грешката или да ги намали последиците од тој закон и неговата криминална примена туку продолжи да ја доуништува економијата и да ги распродава најпрофитабилните субјекти – Телеком, ЕВН, Рудниците и други.
Пред наши очи гледавме како ги уништуваат капацитетите како – Кожара, Газела, Медицинска пластика, Стаклара, Еурокопозит, Охис, Алумина, Топилница Велес, Фас 11 Октомври и многу други претпријатија кои вработуваа бројна работна сила.
И покрај тоа што имаа пазари за своитe производи, овие претпријатија беа уништени само со една цел, да се уништи работникот и неговата организирана сила а новосоздадените олигарси да се збогатат на лесен и брз начин без отпор.
За да видиме кој го украде работникот во Македонија и го избрка од своето огниште ние бараме ревизија на приватизацијата на општестевениот капитал и одговорност за несоодветното управување на лицата кои го превзеле управувањето односно на нивните наследници или следбеници.
Ние денес бараме рестартирање на стопанските капацитети како Кожара, Газела, Медицинска пластика, Стаклара, Порцеланка, Еурокопозит, Охис, Алумина, Топилница Велес, Фас 11 Октомври и многу други претпријатија.
За да се рестартираат истите, потребно е да се смени општествено-политичкиот систем, потребно е да се донесе нов закон за претпријатијата, нов закон за минимална исплатeна саaтнина, нов закон за синдикални здружувања.
Се залагаме синдикатите да станат гарант на работничките права и да имаат увид и контрола на исплатите на платите, доприносите и распределбата на профитот.
Работничка партија се залага за заштите на земјоделското земјиште како необновлив ресурс од пренамени за други намени а граганите за свои потреби ке можат сопствените парцели да ги заменат со државно земјиште.
Работничката партија се залага за процес на здружување на земјоделците во здруженија за заеднички настап за помош при производство и пласман.
Државата преку политика на гарантирани откупни цени и обезбеден пласман ке го насочува земјоделското и сточарското производство. За таа цел потребно е формирање на агроберза и примарна преработка на производените прехрамбени производи.
Преку подрачните единици за земјоделските здруженија и за поединците ке се ангажираат агрономи и ветеринари кои ке се грижат за здравјето на добитокот и живината и напредокот и заштита на посевите и насадите а главна цел ке биде производство и пласман на органски производи ценети во светот
Посебно ке се заложиме за надминување на зависноста на македонија од семенски и насаден материјали и зачувување на традиционалните производи како афионот, тутунот, памукот но и воведување на нови профитабилни култури како шафранот, конопот и друго.
Колку денес изнесува вредноста на трудот? Зошто нашата влада продава евтина работна сила? Зошто го потценува и понижува македонскиот работник? Кој го краде нашиот работник?
Ние знаеме, најголем кривец е системот кој го градат досегашните власти, систем во кој можат да работат само фирмите на олигарсите кои и ги создаде тој систем. За промена на тој систем потребен е нов бран на политичари кои ке се грижат за трудот, за рабоникот.
Македонскиот работник денеска живее во сиромаштија, нема постојана и сигурна работа, платите се мали, од сите страни им го поткопуваат стандардот. Извршители, банки, високи цени, многу давачки.
Затоа ние ке бидеме секогаш во првите редови во тој процес на промени! Ве уверуваме дека промените веке се случуваат. Работничка класа е најсилна и е повеке од 90 % од население потребно е таа директно да ја земе власта во свои раце и да не дозволи никогаш повеке црвената крвава буржоазија со нивните политички партии кои досега владеееја да одлучува во името на народот.
Работничката класа со помош на највисокиот степен на демократија – референдумско изјаснување ке одлучува за секое побитно прашање а секоја година ке има и референдум на кој народот се изјаснува за доверба на власта.
Затоа работничка класо уште еднаш ве повикувам во борба за својот стандард, во борба за вредноста на својот труд.
Ве уверувам дека ја имате мокта да се изборите за тоа, вие сте силата што создава, вие сте силата на секое општество, мора да се цените самите, за да ве ценат и другите. Изборете се! Затoa што животот нема реприза!“ се вели во повикот на лидерот Зафировски.

