ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ – Мадридскиот клуб ја одби најлудата понуда на сезоната

Арсенал, Барселона и ПСЖ во жестока трка за аргентинскиот напаѓач.

ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ – Мадридскиот клуб ја одби најлудата понуда на сезоната
Фото: Принтскрин

Атлетико Мадрид е подготвен да одбие понуда вредна околу 150 милиони евра за својот напаѓач Хулијан Алварез, пренесува „Скај Спортс“.

И покрај интересот од неколку европски гиганти, вклучувајќи ги Арсенал, Барселона и ПСЖ, шпанскиот клуб нема намера да се раздели со 26-годишниот Аргентинец. Атлетико е решен да го задржи како клучен дел од тимот, дури и при таква висока понуда.

Алварез пристигна во Мадрид во август 2024 година и има договор кој го врзува со клубот до 30 јуни 2030 година.

Во тековната сезона 2025/26, тој има импресивен учинок со 19 постигнати голови и девет асистенции на 47 одиграни натпревари.

Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност моментално изнесува околу 90 милиони евра.

Атлетико Мадрид вечерва ќе го пречека Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој започнува во 21:00 часот.

CATEGORIES
Share This