ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 40 милиони евра за млади и невработени

За реализација на мерките предвидени во Оперативниот план, Владата ќе обезбеди средства во висина од 40 милиони евра, односно околу 2 милијарди денари.

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 40 милиони евра за млади и невработени
Фото: Влада

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека од септември ќе биде објавен нов повик за самовработување, наменет за млади лица до 29 години. Изјавата доаѓа откако Владата денеска го усвои Оперативниот план за вработување.

„Го донесовме Оперативниот план за вработување на 16 илјади работоспособни, но невработени лица. Очекуваме околу 65% од нив да бидат млади до 29 години“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според премиерот, младите кои ќе се одлучат за самовработување преку формирање на компанија ќе добиваат грантови во зависност од правната форма на бизнисот. За друштво со ограничена одговорност основано од едно лице (ДООЕЛ) се предвидени грантови до 10.000 евра, додека за друштва со повеќе основачи (ДОО) грантовите ќе изнесуваат од 13.000 до 20.000 евра, во зависност од бројот на вклучени лица.

За реализација на мерките предвидени во Оперативниот план, Владата ќе обезбеди средства во висина од 40 милиони евра, односно околу 2 милијарди денари.

Мицкоски ги повика сите заинтересирани да аплицираат на тековниот повик, а најави и нова можност од септември, со фокус на стартап бизнис идеи од млади лица. За селекција на проектите ќе биде формирана специјална комисија.

CATEGORIES
Share This