ОПАСНА ЕСКАЛАЦИЈА – САД и Иран на раб на нов конфликт, се спомнува 90% ураниум
Парламентот во Техеран разгледува можност за радикален одговор во случај на нови американски напади.

Иранскиот парламент ќе ја разгледа можноста за зголемување на нивото на збогатување на ураниум до 90% доколку дојде до нов напад од САД, изјави пратеникот Ебрахим Резаи.
Резаи е портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, наведе дека ова сценарио ќе биде дел од дискусиите во Техеран.
„Една од опциите на Иран во случај на нов напад би можело да биде збогатување на ураниум до 90%. Ова прашање ќе го анализираме во парламентот“, изјави тој.
Тензиите доаѓаат по медиумски извештаи дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за нови воени активности против Иран, со цел зајакнување на преговарачката позиција. Трамп претходно нагласуваше дека Иран не смее да развива нуклеарно оружје.
Според Ројтерс, надежите за мировен договор дополнително се намалиле, откако Трамп изјавил дека примирјето со Иран е „на апарати за одржување во живот“, додека Техеран ги отфрлил американските предлози за прекин на конфликтот.
Трамп изјавил дека иранскиот одговор го доведува во прашање опстанокот на прекинот на огнот што започнал на 7 април.
„Сега е многу слаб. Ги прочитав тие работи што ни ги испратија и дури и не стигнав до крај“, изјавил Трамп пред новинарите.
Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека државниот секретар Марко Рубио имал разговори со своите колеги од Австралија и Велика Британија за координација околу напорите за „враќање на слободата на пловидба во Хормутскиот теснец.
