ОХРИД СО НАЈМНОГУ ДОЖД Во Крушево најстудено

Најстудено утрово било во Крушево, каде што температурата се спуштила до 2 степени Целзиусови, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа следуваат Берово и Маврови Анови со 5 степени, Крива Паланка и Лазарополе со 6, Прилеп, Битола и Тетово со 7, Скопје–Петровец и Претор со 8, Кавадарци, Велес, Виница и Штип со 9, Куманово и Скопје–Зајчев Рид со 10 степени, додека најтопло утрово било во Гевгелија и Струмица со измерени 11 степени.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнал во Охрид – 34 литри на метар квадратен, според мерењата до 19 часот синоќа. До утрово најголема количина на врнежи е регистрирана во Гевгелија со 25 литри на метар квадратен, во Пожар–Радовиш и Претор 17, Крушево 14, Штип 13, Струмица 11, Берово 10, Битола и Виница по 9, Велес 7, Крива Паланка 6, Тетово, Кавадарци, Лазарополе, Пожаране и Попова Шапка по 5, Прилеп, Куманово и Тополчани по 4, Маврови Анови 3, Ѓуриште 2, а во Скопје – Зајчев Рид и Скопје – Петровец по 1 литар на метар квадратен.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 14 и 18 степени.
Во Скопје се очекува слична временска состојба – променливо облачно со повремен слаб дожд и слаб до умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.

