ОФИЦИЈАЛНО ПРОЛЕТ – Започнува денеска
Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни кога започнува летото.

Фото: Национал
Пролетта во Северната хемисфера започнува денеска во 15:46 часот, додека на Јужната полутопка во исто време настапува есента.
Првиот пролетен ден е 79-тиот во годината и ќе трае 12 часа и 8 минути. Сонцето изгреа во 5:37 часот и ќе зајде во 17:46 часот.
Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10:24 часот, кога календарски започнува летото.
CATEGORIES Македонија


