ОДМАЗДАТА Е СИГУРНА Иран објави морничава листа со 13 светски лидери

Иранскиот весник „Хамшахри“ објави инфографика со фотографии од 13 странски функционери, предизвикувајќи реакции и безбедносни проверки во Европа.

ОДМАЗДАТА Е СИГУРНА Иран објави морничава листа со 13 светски лидери
Фото: Принтскрин

Конзервативниот ирански весник „Хамшахри“ објави список на странски политички лидери за кои тврди дека би можеле да бидат мета на одмазднички акции по атентатот врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.

Објавата предизвика загриженост во меѓународната јавност, а неколку европски земји веќе разгледуваат можни дипломатски и безбедносни мерки. Според информациите објавени од „Хамшахри“, весник близок до властите во Техеран, во саботата вечерта на интернет била објавена инфографика со фотографии од 13 странски функционери.

На фотографиите функционерите биле прикажани во портокалови затворски униформи, со симболи на мети на челото, а покрај нив стоел натписот: „Одмаздата е сигурна“.

Весникот истовремено објавил порака во која се наведува дека „криминалците чии имиња се на списокот ќе ја понесат во гроб желбата за мирна смрт во своите кревети“.

Дополнително, Моџтаба Хамнеи изјавил дека, според него, „одмаздата е волја на народот и неизбежно мора да биде спроведена“.

На објавената листа се наоѓаат повеќе високи американски и израелски функционери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Меѓу останатите наведени американски претставници се државниот секретар Марко Рубио, секретарот за одбрана Пит Хегсет, командантот на Централната команда на САД (CENTCOM) Бред Купер и американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби.

Од израелска страна, на списокот се најдоа министерот за одбрана Израел Кац, министерот за надворешни работи Гидеон Саар и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Ејал Замир.

Особено внимание привлече присуството на четворица европски лидери: италијанската премиерка Џорџа Мелони, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Според i24News, вклучувањето на европските лидери претставува проширување на списокот, бидејќи тие не се директно поврзани со американско-израелските воени операции.

Објавата предизвика реакции и во Италија. Според Sky News, италијанските разузнавачки служби започнале проверка за тоа кој стои зад објавувањето и дали станува збор за официјален став на иранските власти или за пропагандна порака без формално одобрение од режимот во Техеран.

Италијанските медиуми наведуваат дека не е исклучена можноста Министерството за надворешни работи на Италија да го повика иранскиот амбасадор на разговор, со цел да побара појаснување за околностите поврзани со објавената листа.

CATEGORIES
TAGS
Share This