ОДМАЗДА ЗА УБИЕНИОТ ЛАРИЏАНИ – Рој ирански ракети врз Израел, стотици жртви

Според иранските извори, досега се пријавени над 230 загинати или повредени Израелци.

ОДМАЗДА ЗА УБИЕНИОТ ЛАРИЏАНИ – Рој ирански ракети врз Израел, стотици жртви
Фото: Принтскрин

Иран го започна 61-от бран напади врз цели во Израел како одмазда за убиството на Али Лариџани, секретар на Високиот совет за национална безбедност и една од највлијателните личности во Иран.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека погодила повеќе од 100 цели во Тел Авив како дел од операцијата „Вистинско ветување 4“. Нападите биле извршени со различни видови ракети, меѓу кои „Хорамшахр-4“, „Кадр“, „Емад“ и „Хејбар Шекан“, објави порталот „Прес ТВ“.

Според соопштението, погодени биле воени и безбедносни објекти во Тел Авив, при што во дел од градот дошло до делумно затемнување. До сега, во рамките на операцијата, се пријавени повеќе од 230 загинати или повредени Израелци.

Инаку, Али Лариџани (67) беше клучна фигура во иранскиот режим. Тој беше врховен секретар на Советот за национална безбедност на Иран, а беше убиен во Техеран во израелски напад во понеделник вечерта. Тој беше еден од највисоките функционери за безбедност во земјата и еден од најмоќните политички играчи во Иран.

Лариџани беше член на Советот за ефикасност и висок советник на претходниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Исто така, тој ја водеше иранската национална легислатура Меџлисот 12 години, пред да биде заменет од сегашниот претседател на парламентот, Мохамед Багер Калибаф.

Познат како архитект на безбедносната политика на Иран, Лариџани беше близок советник на Хамнеи и имаше значајна улога во обликувањето на стратешките одлуки на земјата до неговата смрт во воздушен напад.

CATEGORIES
TAGS
Share This