ОД ЗЕЛЕНИКОВО ДО СКОПЈЕ ЗА 25 МИНУТИ Што велат патниците за градскиот воз

Брзината и услугата се меѓу главните причини за позитивните впечатоци, а се најавуваат и уште две железнички делници.

ОД ЗЕЛЕНИКОВО ДО СКОПЈЕ ЗА 25 МИНУТИ Што велат патниците за градскиот воз
Фото: Национал

Патување за околу 25 минути, добра услуга и позитивно искуство, велат за „Национал“ патници кои го користат градскиот воз на релацијата Зелениково – Скопје.

Возењето од Зелениково до Скопје, како и во обратната насока, трае околу 25 минути, зависно од поаѓањето. На трасата се опфатени железничките станици Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајната дестинација е Железничката станица во Скопје.

Возниот ред на градскиот воз е усогласен со распоредот на автобусите на ЈСП Скопје, со цел да се олесни поврзувањето на железничкиот и градскиот автобуски превоз.

Проектот „Градски воз“ предвидува проширување на железничкиот превоз во Скопје со уште две делници. Втората делница ќе ја поврзува релацијата Миладиновци – Илинден – Маџари – Централна железничка станица, додека третата ќе сообраќа на релацијата Централна железничка станица – Скопје Север – Ѓорче Петров – Волково.

Со проширувањето на мрежата се предвидува подобро поврзување на повеќе населени места со главниот град и поголеми можности за користење на железничкиот превоз во секојдневното патување.

СКОПЈЕ ДОБИ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ Од Зелениково до центарот за само 25 минути

CATEGORIES
Share This