ОД СТАДИОНОТ ДО ЗАТВОР Ѕвезда на Валенсија осудена на 8,5 години затвор
Кариерата на Мир низ Валенсија, Вулверхемптон и Севиља.

Фото: Принтскрин
Фудбалерот на Валенсија, 28-годишниот Рафа Мир, е прогласен за виновен во судски процес поврзан со случај на сексуален напад од 2024 година. Тој е осуден на 8,5 години затвор, додека неговиот пријател доби казна од 2,5 години за соучество.
Според пресудата, Мир ја одвел оштетената девојка во својот дом, каде што подоцна се случил нападот.
Во својата кариера, Мир се развиваше во младинската академија на Валенсија, по што премина во Вулверхемптон. Подоцна играше за Севиља, а имаше и позајмици во Валенсија и Елче.
CATEGORIES Фудбал


