НОВ УДАР ПО ЏЕБОТ Дизелот поскапе за 5,5 денари, нови цени на бензинските

РКЕ донесе нова одлука за цените на горивата, а најголемото зголемување го почувствуваат корисниците на дизел

НОВ УДАР ПО ЏЕБОТ Дизелот поскапе за 5,5 денари, нови цени на бензинските
Фото: Национал

Од денеска на бензинските станици во Македонија важат нови цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени.

Најголем раст има кај дизелот. Еуродизелот БС (Д-Е V) од денеска се продава по 88 денари за литар, што претставува поскапување од 5,50 денари.

Поскапување има и кај бензините, но во помал обем. Еуросупер БС-95 чини 87 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 се продава по 89 денари за литар. Двата вида бензин се зголемени за по 1,50 денар.

Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 86 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава по 42,168 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека корекцијата е направена поради промените на светските берзи, односно растот на цената на суровата нафта и нафтените деривати во изминатиот период. Просечното зголемување на цените изнесува 3,59 проценти во однос на претходниот ценовник кој беше во сила од 6 јули.

За разлика од Македонија, Србија одлучи да преземе мерки за ублажување на ударот од растот на цените. Тамошните власти привремено ги намалија акцизите на нафтените деривати за дополнителни пет проценти, со што вкупното намалување достигна 10 проценти. Мерката ќе важи до 19 јули, со цел да се намали притисокот врз граѓаните и економијата.

CATEGORIES
Share This