ОБЛАЦИ И ВРНЕЖИ НИЗ ЗЕМЈАТА – Посвежи температури
Во западните делови повремено ќе врне дожд, додека на планините се очекува слаб снег.

Фото: Национал
Времето денеска (18.03.) ќе биде променливо облачно и посвежо и температура во интервал од 0 до 13 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


