НОВО ПАРТНЕРСТВО – CHERY и РФМ за иднината на ракометот

CHERY се приклучува кон развојот на македонскиот ракомет преку спонзорство на РФМ

НОВО ПАРТНЕРСТВО – CHERY и РФМ за иднината на ракометот
Фото: Национал

CHERY, еден од најбрзо растечките автомобилски брендови во Европа и светот, официјално стана спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Соработката беше промовирана на прес-конференција во новоотворениот CHERY салон на Grand Auto, официјалниот увозник на брендот во Македонија.

„Со поддршката на Ракометната федерација на Македонија инвестирани не само во спортот, туку и во младите таленти и позитивните промени во ракометот. Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот Кирил Лазаров и дел од репрезентативците присуствуваа на настанот, што ја потврдува важноста на ова партнерство“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Grand Auto.

„Силните брендови се градат преку врската со луѓето и заедницата. Ракометот е емоција и традиција, а новото партнерство со CHERY носи енергија и страст во спортот. Оваа соработка ќе инспирира млади, ќе промовира тимска работа, дисциплина и амбиција“, додаде Заири.

Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, истакна дека соработката со CHERY преминува во партнерски договор кој ќе донесе нови успеси и победи, нагласувајќи дека федерацијата е отворена за нови соработки и инвестиции во развојот на македонскиот ракомет.

Спонзорството е дел од стратегијата на CHERY за раст на европските пазари и покажува долгорочна посветеност кон луѓето во Македонија. Целта е да се поддржи развојот на ракометот, да се мотивираат младите генерации и да се промовираат вредности како тимска работа, дисциплина и стремеж кон успех.

Со оваа соработка, CHERY и РФМ испраќаат заедничка порака за напредок, доверба и нова енергија и во спортот и во автомобилската индустрија.

CATEGORIES
Share This