НОВИОТ МИНИСТЕР ПОД ЛУПА Филипче бара одговор за бугарски пасош и ‘резервна татковина’“

Од Чешиново-Облешево порача дека смената на министер нема да ги реши проблемите, додека земјоделците се соочуваат со непродаден ориз и неизвесна сезона.

НОВИОТ МИНИСТЕР ПОД ЛУПА Филипче бара одговор за бугарски пасош и ‘резервна татковина’“
Фото: Принтскрин

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средбата со земјоделци во општина Чешиново-Облешево изјави дека смената на министерот за земјоделство нема да ги реши длабоките проблеми со кои се соочува земјоделскиот сектор. Тој побара новиот министер, пред преземањето на функцијата, да одговори на прашањата поврзани со неговото државјанство.

„До пред неколку месеци власта силно го поддржуваше поранешниот министер за земјоделство, иако ние поднесовме интерпелација за неговата работа, која не беше прифатена во Собранието. Само неколку недели подоцна предлагаат нов министер, со биографија што отвора прашања. Треба да се одговори дали токму поради овој кандидат не помина предлогот највисоките функционери во Владата да немаат двојни државјанства. Граѓаните имаат право да знаат дали идниот министер има бугарски пасош или, како што се поставува прашањето, резервна татковина“, изјави Филипче.

Тој оцени дека земјоделците и понатаму остануваат без конкретни решенија, посочувајќи дека состојбата во секторот е резултат на, како што рече, погрешни политики и недоволна грижа од страна на власта.

Според него, особено тешка е состојбата со производителите на ориз во регионот. Филипче истакна дека големи количини ориз од минатогодишната реколта сè уште не се откупени, поради што земјоделците се соочуваат со сериозни загуби.

„Само половина од произведениот ориз од минатата година е откупен, додека останатите количини стојат складирани по амбарите. Земјоделците се оставени сами да се справуваат со проблемите, без јасна политика за откупни цени и без навремени информации за субвенциите за новата производна сезона“, посочи Филипче.

CATEGORIES
Share This