НОВИ ОБВИНУВАЊА ОД КАРЛЕУША – Тошиќ не плаќа алиментација и ми го заклучи станот
Пејачката тврди дека поранешниот сопруг без нејзино знаење ги сменил бравите во станот на Дедиње

Поп-дивата Јелена Карлеуша го пријавила својот поранешен сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, за наводна провала во станот на Дедиње, каде што живее со нивните две ќерки.
Иако моментално престојува во Дубаи, Карлеуша од таму ја контактирала српската полиција и побарала итна реакција. Таа тврди дека Тошиќ без нејзино знаење ги сменил бравите во станот, поради што решила да побара институционална помош.
Пејачката воедно откри и дека по разводот не е во добри односи со поранешниот сопруг и дека меѓу нив нема никаква комуникација.
„Ние немаме никаков однос и не комуницираме. Децата имаат одличен однос со него и сè функционира нормално од таа страна, но меѓу нас двајца нема контакт“, изјави Карлеуша.
Таа јавно обвини дека Душко Тошиќ не плаќа алиментација за ќерките Атина и Ника.
„Дали да ја кажам вистината? Тој не плаќа алиментација. Еве, ова е апел, рече таа.
Јелена додава дека со месеци се обидува проблемот да го реши надвор од медиумите, преку адвокати и со, како што вели, „човечки однос“, но без успех.
Карлеуша истакна дека зборува и во име на сите жени кои се борат да ги остварат своите законски права.
„Србија донесе нов закон според кој, доколку едниот родител не исплати две алиментации, другиот родител со старателство ќе ги добие средствата од државата, а државата потоа ќе го гони оној што не ги исполнува своите обврски. Значи, и овој проблем ќе биде решен, објасни пејачката.

