НОВАТА КОАЛИЦИЈА ШТО ЌЕ ГО ВОДИ СКОПЈЕ – ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ со стабилно мнозинство!

Во новиот состав на Советот на Град Скопје, коалицијата составена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ ќе има вкупно 25 советници од 45, што им обезбедува стабилно мнозинство во локалниот парламент на главниот град.
Овој резултат претставува значајна предност во однос на другите политички опции и може да влијае на идното функционирање на Советот, особено во контекст на усвојување на буџетот, урбанистичките планови и одлуките за јавните претпријатија под ингеренција на градот.
На минатите локални избори, ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше 18 советници, додека СДСМ освои 12, ДУИ пет, Левица четири, а по две советнички места имаа Алијанса за Албанците и Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независната листа „Зелен хуман град“.
Со новата распределба на силите, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините партнери го зацврстуваат влијанието во Град Скопје, што ќе има клучна улога во политичката динамика и во соработката со новиот градоначалник кој ќе биде избран во вториот круг.


