НОВА ПРОВОКАЦИЈА НА ТРАМП – Објави мапа со Канада, Гренланд, Куба и Венецуела како делови од САД

Канадскиот јавен сервис потсетува дека првата ваква мапа кружела уште од август минатата година, по средбите во Белата куќа

НОВА ПРОВОКАЦИЈА НА ТРАМП – Објави мапа со Канада, Гренланд, Куба и Венецуела како делови од САД
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп објави „нова“ мапа на САД, визуелно обработена верзија на која, покрај Канада и Гренланд, како дел од САД се прикажани и Венецуела и Куба, објави во четврток канадскиот јавен сервис CBC.

CBC потсетува дека „оригиналната“ фотографија со мапата на „проширени“ САД потекнува од август минатата година, од средба во Белата куќа со лидери од земји членки на НАТО, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон.

Новата објава се појави на денот кога Трамп пристигна во Давос, каде што одржа говор на Светскиот економски форум. Во меѓувреме, реториката на Вашингтон кон Данска и Европа дополнително се заостри околу барањето за Гренланд, додека потегот со Венецуела предизвика реакции и во регионот.

CATEGORIES
TAGS
Share This