НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ – 24 години од масакрот кај Карпалак

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај Карпалак на патот Скопје – Тетово, армиски конвој беше нападнат од заседа, при што загинаа десетмината прилепски бранители

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ – 24 години од масакрот кај Карпалак
Фото: Принтскрин

Денеска, во Прилеп и месноста Карпалак, се одбележуваат 24 години од загинувањето на десет армиски резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај Карпалак на патот Скопје – Тетово, армиски конвој беше нападнат од заседа, при што загинаа десетмината прилепски бранители.

Во рамки на одбележувањето, повеќе делегации ќе положат цвеќе на нивните вечни почивалишта во Прилеп и родните места, како и пред спомен-обележјата во центарот на Прилеп и на местото на загинувањето. Делегација на Собранието, во состав Биљана Кузманоска, Пеце Милевски и Миле Талевски, ќе оддаде почит пред комплексот „Карпалак“.

Вчера, во кругот на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, започна одбележувањето со поклон пред спомен-обележјето. Потполковникот Сашко Палески, командант на гарнизонот, порача дека споменот за загинатите ќе се чува и никогаш нема да се заборави, со желба трагедијата да не се повтори.

Во чест на бранителите, беше посетен и споменикот во селото Лениште, како и манастирот „Света Петка“, каде се одржа вечерна богослужба. Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одбележат и 21-годишнината од загинувањето на припадниците на АРСМ кај Карпалак.

CATEGORIES
TAGS
Share This