НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА ЈАМАЛ Меси и Нејмар очекувано, но третиот идол ќе ги изненади фановите на Барса

Меси и Нејмар биле очекуван избор, но признанието за поранешниот голгетер на Реал Мадрид предизвика најмногу внимание.

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА ЈАМАЛ Меси и Нејмар очекувано, но третиот идол ќе ги изненади фановите на Барса
Фото: Принтскрин

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, ги изненади фудбалските фанови со признанието за играчите на кои им се восхитувал во детството. Покрај две легенди на Барселона, на неговата листа се најде и голема ѕвезда на Реал Мадрид.

Јамал откри дека негови фудбалски идоли биле Лионел Меси, Нејмар и Карим Бензема.

Изборот на Бензема можеби е изненадување за навивачите на Барселона, но Јамал уште одамна покажал колку му се восхитувал на францускиот напаѓач. Дури и носењето заштитен завој на раката, сличен на оној што го користеше Бензема, беше еден од деталите што го откриваа неговото воодушевување од голгетерот на Реал.

Од друга страна, изборот на Меси и Нејмар и не е големо изненадување. Двајцата оставија огромна трага на „Камп Ноу“, а денес Јамал со своите настапи се наметнува како еден од фудбалерите кои треба да го продолжат нивното наследство во дресот на Барселона.

Најинтересно е што момчето кое некогаш ги гледало Меси, Нејмар и Бензема како свои идоли, денес и самото станува идол на новата генерација фудбалски фанови.

CATEGORIES
Share This