НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ – Студен бран носи снег среде пролет

Студениот бран носи изненадување и на планините дождот ќе премине во снег.

НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ – Студен бран носи снег среде пролет
Фото: Национал

Времето денеска (22.04.) ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови и температура во интервал од 0 до 15 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Поради продор на постуден воздух на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This