НЕТАНЈАХУ СО ОСТРА ПОРАКА – Ерусалим засекогаш ќе остане под израелска контрола
Израелскиот премиер тврди дека земјата е посилна од кога било, а Иран ослабен i најави продолжување на борбата против „радикалниот ислам“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Ерусалим „засекогаш“ ќе остане под контрола на Израел, нагласувајќи дека државата е „посилна од кога било“, додека, според него, режимот во Иран е значително ослабен.
Говорејќи на церемонија по повод Денот на Ерусалим, Нетанјаху порача дека Израел ќе ја продолжи борбата против сите закани што ги поврза со „радикалниот ислам“, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој тврди дека доколку Израел не преземел воени акции против Иран во претходните години, Техеран денеска би поседувал нуклеарно оружје.
„Нашите непријатели имаат намера да нè уништат и да нè истиснат од Ерусалим“, изјави Нетанјаху.
Тој додава дека градот мора да остане под израелска власт за да биде „слободен за сите религии“.
Во говорот, израелскиот премиер исто така оцени дека Израел постигнал значителни успеси во борбата против Хамас, Хезболах и Иран, нагласувајќи дека безбедносната состојба на земјата е подобрена.
