КРАЈ ЗА ЛЕВАНДОВСКИ ВО БАРСЕЛОНА – Каталонците веќе имаат план за наследник
арселона ја активира операцијата „Жоао Педро“ како приоритет за иднината на нападот

Барселона започнува офанзива за Жоао Педро како можна замена за Роберт Левандовски, кој, според информации од доверливи извори од Каталонија и Бразил, би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната како слободен агент.
Спортскиот директор Деко, наводно, веќе ја стартувал операцијата „Жоао Педро“, бидејќи во клубот сметаат дека ангажманот на Аргентинецот Хулијан Алварез е речиси невозможен. Причината е силната конкуренција од Пари Сен Жермен, кој е подготвен да понуди над 100 милиони евра и повисока плата, додека Атлетико Мадрид нема намера лесно да се раздели со својот клучен играч.
Во таа ситуација, Жоао Педро се појавува како пореална и поприфатлива опција. Иако трансферот не би бил евтин, Барселона верува дека бразилскиот напаѓач може да биде вистинското решение за нападот.
Почетната цена се проценува на најмалку 80 милиони евра, со бонуси што би можеле да ја зголемат сумата до 100 милиони. Челзи, кој го доведе од Брајтон минатата година за 65 милиони евра, нема намера лесно да се откаже од него.
Жоао Педро, 24 години, веќе има значајно искуство во англискиот фудбал. Во Премиер лигата е од 2020 година, кога пристигна во Вотфорд од Флуминензе за 11,5 милиони евра, а во 2023 година се пресели во Брајтон за 34 милиони евра.
