НЕМА ЗАСТОИ НА ГРАНИЦИТЕ Патиштата проодни и суви

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен

НЕМА ЗАСТОИ НА ГРАНИЦИТЕ Патиштата проодни и суви
Фото: Национал

Сообраќајот денеска (09.10.) на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This