НЕМА ВОДА ВО ДЕЛ ОД СКОПЈЕ Се изведуваат работи на водовод
Прекин на водоснабдувањето поради технички работи на нов водоводен приклучок.

Фото: Принтскрин
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска дел од корисниците во општина Гази Баба ќе останат без вода.
Причината за прекинот е изведување на водоводен приклучок со профил Ф-200 мм на улица „1647“ бр. 8 во Скопје, Гази Баба.
Без водоснабдување ќе бидат корисниците од комплексот згради зад „Ист Гејт“, а прекинот започа во 10:00 часот и ќе трае до завршување на работите.
CATEGORIES Македонија
