НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ Во недела спиеме еден час подолго
Со тоа, земјата се враќа на зимско сметање на времето, кое ќе трае до последниот викенд во март 2026 година.

Фото: Принтскрин
Летното сметање на времето официјално завршува во недела, на 26 октомври 2025 година, со што започнува зимското сметање на времето.
Во ноќта меѓу сабота и недела (25 кон 26 октомври), точно во 03:00 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, па времето во 03:00 ќе се смета како 02:00 часот.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека оваа промена се спроведува согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, донесена на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68.
CATEGORIES Македонија

