НЕ ОДЕТЕ НА ШАР ПЛАНИНА Забраната продолжува до 30 септември

Високите температури, сувото време и зголемениот ризик од пожари се причина за продолжување на мерката.

НЕ ОДЕТЕ НА ШАР ПЛАНИНА Забраната продолжува до 30 септември
Фото: Национал

Поради неповолните временски услови, високите температури и продолженото суво време, како и зголемениот ризик од појава и ширење на пожари, забраната за движење на територијата на Националниот парк „Шар Планина“ е продолжена до 30 септември 2026 година.

Од ЈУ Национален парк „Шар Планина“ информираат дека мерката е преземена со цел да се спречи појавата и ширењето на пожари, да се заштити природното богатство на паркот и да се обезбеди безбедноста на посетителите.

Од управата упатуваат апел до граѓаните, посетителите и сите оператори да ја почитуваат забраната, како и упатствата и препораките на надлежните институции.

Надлежните потсетуваат дека одговорното однесување во услови на зголемена опасност од пожари е од особено значење за заштитата на природата и безбедноста на луѓето.

CATEGORIES
Share This