НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ НЕПОДГОТВЕНИ Доаѓаат дожд, грмежи и ветер, температурите до 35 степени
Попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ветерот во делови од земјата ќе надминува 60 километри на час.

Денеска (8 јули) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и топло, со утрински температури од 12 степени и максимални дневни до 35 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Во попладневните часови на повеќе места ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер. Во североисточните и централните делови ветерот повремено ќе достигнува и над 60 километри на час.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Максималната дневна температура ќе достигне околу 34 степени.
Атмосферскиот притисок ќе изнесува 975 hPa, влажноста на воздухот ќе биде 25 проценти, брзината на ветерот околу 6 m/s, а УВ-индексот ќе има висока вредност – 8.


