НАТО ВО СКОПЈЕ – Марк Руте првпат во Македонија како генерален секретар

Генералниот секретар на НАТО ќе има средби со државниот врв и ќе присуствува на воена вежба.

НАТО ВО СКОПЈЕ – Марк Руте првпат во Македонија како генерален секретар
Фото: Принтскрин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, идниот вторник ќе престојува во официјална посета на Македонија. Домаќин на посетата ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а предвидени се и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши.

Во рамки на посетата, генералниот секретар ќе присуствува и на показна вежба на Армијата на Република Северна Македонија.

Ова ќе биде прва посета на Руте на Скопје во својство на генерален секретар на НАТО. Претходно, во ноември 2021 година, тој ја посети земјава како премиер на Холандија.

Инаку, во 2023 година Македонија беше домаќин и на тогашниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

CATEGORIES
Share This