НАМАЛУВАЊЕ НА ФЕРТИЛИТЕТОТ ВО ЕУ И МАКЕДОНИЈА – Сериозни демографски предизвици

Македонија бележи 1,44 живородени деца по жена – под нивото потребно за природна обнова на населението

НАМАЛУВАЊЕ НА ФЕРТИЛИТЕТОТ ВО ЕУ И МАКЕДОНИЈА – Сериозни демографски предизвици
Фото: Принтскрин

Во 2024 година, во Европската унија се родени 3,55 милиони бебиња, што претставува намалување од 3,3% во споредба со 2023 година. Вкупната стапка на фертилитет во ЕУ за 2024 година изнесува 1,34 живородени деца по жена, во споредба со 1,38 во 2023 година.

Во Северна Македонија, стапката на фертилитет исто така се намалува во последните десет години, од 1,52 живородени деца по жена во периодот 2004-2014, на 1,49 во 2023 и 1,44 во 2024 година.

Овие вредности се значително под критичната граница од 2,1 живородени деца по жена, која е потребна за природна обнова на населението. Како последица, Европа и Македонија се соочуваат со сериозни демографски предизвици.

Според податоците на Евростат, најниска стапка на фертилитет во ЕУ во 2024 година има Малта 1,01, додека највисока е во Бугарија 1,72.

Просечната возраст на жените при раѓањето на првото дете во ЕУ изнесува 29,9 години, со варијации од 26,9 години во Бугарија до 31,9 години во Италија. Во Македонија, просечната возраст на првороденото дете е 27,8 години. Во последните дваесетина години, жените во ЕУ првото дете го раѓаат подоцна во 2014 година просекот бил 26,6 години, а во 2004 година 25 години.

Во 2024 година, највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ имаше Бугарија (1,72), по која следат Франција (1,61) и Словенија (1,52). Најниска стапка имаше Малта (1,01), следена од Шпанија (1,10) и Литванија (1,11).

Податоците покажуваат дека бројот на родени деца во ЕУ во 2024 година е речиси двојно помал во споредба со пред шест децении. Грубата стапка на наталитет во ЕУ во 2024 година изнесува 7,9 на 1000 жители, во споредба со 10,5 во 2000, 12,8 во 1985 и 16,4 во 1970 година.

Во Македонија, бројот на живородени деца постојано опаѓа: од 44 095 во 1960 година, на 37 862 во 1970, 35 401 во 1990, 29 308 во 2000, 24 296 во 2010, 19 031 во 2020, до рекордно ниски 16 061 во 2024 година.

CATEGORIES
Share This