НАЈМАЛКУ 25 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ИВА Работодавецот на загинатиот Бесим со жестока порака до судиите
Сефер Аземи, сопственик на фирмата во која работел загинатиот Бесим Дурмиши од Љуботен, бара најстрога казна за Ива Михаилова. „Секој што ќе донесе поинаква пресуда, ќе го носи тој грев на својата душа засекогаш“, порача тој.

Со емотивна, но и остра порака до правосудните органи се огласи Сефер Аземи, сопственик на фирмата во која работел Бесим Дурмиши од скопското село Љуботен, кој трагично го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа поврзана со Ива Михаилова.
Аземи јавно побара најмалку 25 години затвор за Михаилова, нагласувајќи дека секоја поблага пресуда би претставувала неправда кон загинатиот и неговите најблиски.
Аземи преку социјалните мрежи се прости од својот вработен, опишувајќи го како исклучително чесен, искрен и вреден млад човек.
Во својата објава тој не ја криеше болката, но ниту револтот поради трагедијата што одзеде човечки живот.
„Бесим беше мој вработен – искрен, чесен и многу вреден; нека почива во мир и нека Господ ѝ подари место во рајот на неговата душа!“, напиша Аземи.
Во продолжение на објавата, Аземи упати директно барање до судските органи, инсистирајќи на строга кривична одговорност за Михаилова.
„Што се однесува до оваа Ива, таа мора да одговара за убиството на Бесими и за блокирањето на патот од спротивната насока; мора да биде осудена на најмалку 25 години затвор! Секој што ќе донесе пресуда спротивна на ова, ќе го носи тој грев на својата душа ЗАСЕКОГАШ!!!“, порача Аземи.
Неговата порака претставува јавно барање за најстрога казна, додека утврдувањето на кривичната одговорност и висината на евентуалната казна остануваат во надлежност на судот.
Случајот со сообраќајната несреќа и бегството на Ива Михаилова продолжува да предизвикува силни реакции во јавноста.
Изјавата на Аземи дополнително го отвора прашањето за одговорноста и казнената политика во случаи на тешки сообраќајни несреќи со смртни последици.
Додека се очекува судска разрешница, останува болката по загубениот живот на Бесим Дурмиши, кого неговиот работодавец ќе го памети како чесен и вреден човек.

