МАНУ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ДЕН Меѓународното признание „Блаже Конески“ за Соња Должан од Словенија

Свеченоста ќе започне со положување цвеќе пред споменикот на Блаже Конески, а пригодни обраќања ќе имаат академик Живко Попов и писателот Венко Андоновски.

МАНУ ГО ОДБЕЛЕЖУВА СВОЈОТ ДЕН Меѓународното признание „Блаже Конески“ за Соња Должан од Словенија
Фото: Принтскрин

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска со свечена програма ќе го одбележи Денот на Академијата, посветен на научното, културното и уметничкото творештво.

Одбележувањето ќе започне со положување свежо цвеќе пред споменикот на великанот на македонскиот јазик и култура, Блаже Конески.

Во рамките на свеченоста, пригодно обраќање ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов.

Централен дел од програмата ќе биде доделувањето на меѓународното признание „Блаже Конески“, кое годинава ќе ѝ биде врачено на Соња Должан од Словенија.

По повод доделувањето на признанието, пригоден говор ќе одржи дописниот член на МАНУ, писателот Венко Андоновски.

CATEGORIES
Share This