НА СЕКОИ ДЕСЕТ МИНУТИ ЕДНА ДЕВОЈКА ВО СВЕТОТ Е ЖРТВА НА ФЕМИЦИД „16 дена активизам против родово базирано насилство“
Годинава има 1.260 нови случаи на семејно насилство, а МВР бележи пет убиства во 2024-та и четири во 2025-та.

Епидемија на насилство врз жените: Во последните три години во земјава се регистрирани 12 фемициди, а во 2025-та веќе четири. Активистите повикуваат на итни мерки за заштита, поголема меѓусекторска соработка и превенција, нагласувајќи дека насилството врз жените е сериозен општествен проблем.
По повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, претседателката Сиљановска-Давкова вели дека проблемот се трансформира во агресија. Годинава има 1.260 нови случаи на семејно насилство, а МВР бележи пет убиства во 2024-та и четири во 2025-та.
Според Обединетите нации, на секои десет минути една жена или девојка е убиена од партнер или член на семејството.
CATEGORIES Македонија

