МВР ЗА 24 ЧАСА УАПСИ 16 ЛИЦА Возеле без дозвола, под забрана и пијани
Полицијата на повеќе локации низ државата лишила од слобода и малолетници, а по целосното документирање на случаите ќе следуваат кривични пријави.

Во текот на изминатото деноноќие, полицијата на повеќе локации низ државата лишила од слобода 16 лица поради различни прекршоци поврзани со безбедноста во сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Меѓу приведените се лица од Штип, Прилеп, Кочани, Скопје, Велес, Куманово, Студеничани, како и малолетници од скопско и тетовско. Повеќето од нив управувале моторни возила без да поседуваат возачка дозвола.
Полицијата го лишила од слобода и 29-годишниот В.Ј. од село Новаци, кој управувал возило иако имал активна забрана за управување со моторно возило.
Приведен е и 39-годишниот С.Р. од село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, кој бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, за време на изречена забрана или под дејство на алкохол.
„Заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, апелираат од МВР.

