МВР ВРАБОТЕНИТЕ ИМААТ ПОВТОРНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Проблемот е надминат
По привремениот прекин, повторно непречено користење на здравствените услуги.

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека е надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР.
По интервенцијата на институциите, вработените повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги и да ги остваруваат правата од здравственото осигурување.
Во текот на денот, МВР и Фондот за здравствено осигурување беа во континуирана координација, а во соработка со Управата за јавни приходи ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремениот прекин.
Од институциите потврдуваат дека состојбата е нормализирана и дека здравственото осигурување за вработените во МВР повторно функционира непречено.
МВР и Фондот најавуваат дека ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение, со цел во иднина да нема прекини и навремено да се обезбедува остварувањето на здравствените права на сите вработени.

