МВР ИСПРАТИ АПЕЛ ПРЕД ГОЛЕМИОТ КОНЦЕРТ Внимавајте што носите со себе
Полицијата и редарите ќе се грижат за безбедноста на посетителите на централната прослава за Денот на независноста.

По повод одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија се одржа заедничка прес-конференција на Министерството за внатрешни работи и организаторот на централниот настан
На прес-конференцијата беа презентирани мерките и активностите што ги преземаат надлежните институции за обезбедување на безбедно и непречено одржување на настанот, кој се очекува да привлече голем број граѓани и посетители.
Од МВР информираат дека, во координација со останатите надлежни институции и организаторот, се преземаат сите потребни мерки за заштита на граѓаните, одржување на јавниот ред и мир и непречено одвивање на централната прослава и концертот.
„Станува збор за настан од голем обем, со голем број посетители, при што безбедноста на граѓаните, непреченото одвивање на концертот и заштитата на јавниот ред и мир се наш приоритет“, велат од МВР.
Од Министерството додаваат дека мерките се насочени кон превентивно делување, навремено постапување и создавање услови за посетителите безбедно да присуствуваат на настанот.
МВР упатува апел до сите граѓани кои ќе бидат дел од прославата да ги почитуваат упатствата на полициските службеници, редарската служба и организаторот, да пристигнат навреме и да не внесуваат предмети кои се забранети на вакви настани.

