МУЗИЧКА ПОДРШКА ЗА КОЧАНИ – Лукас, Илиќ и Шкориќ ќе го донираат целиот приход од концертот во Скопје
Сите приходи од концертот на 20 декември во „Јане Сандански“ ќе бидат донирани за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Сите приходи од претстојниот концерт на 20 декември во салата „Јане Сандански“, каде ќе настапат Аца Лукас, Мирослав Илиќ и Мира Шкориќ, ќе бидат донирани за семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Одлуката беше потврдена во заедничко видео на ТикТок, на кое Саша Мирковиќ и Аца Лукас јавно се договорија целиот приход да оди за поддршка на децата и семејствата кои ја преживеаја трагедијата.
„Првпат се гледаме по Македонија и сакаме да испратиме порака до граѓаните дека нема да ги оставиме на цедило. Комплетниот приход од концертот во ‘Јане Сандански’ ќе го дадеме за семејствата на жртвите во Кочани“, рече Мирковиќ.
Аца Лукас на тоа одговори:
„Апсолутно се согласувам. Сè ќе оди целосно за семејствата, без исклучок, и луѓето ќе имаат увид во тоа. Се работи за бруто приходот, пред одземање на трошоците.“
Мирковиќ додаде дека трагедијата во Кочани не треба да се поврзува со нив или со бендот, туку дека одговорноста лежи кај политичките структури. Тој истакна дека е неправедно како се казнуваат одредени музички настани, додека други дискотеките функционираат без дозволи.
Двајцата најавија и прес-конференција во наредните денови, каде ќе ги соопштат сите детали за граѓаните.
„Еве, поздрав од Ацо и мене. Сè ќе биде како што рековме, ќе се видиме на концертот“, заврши Мирковиќ.

