МУРИЊО ГО ЗАПАЛИ БЕРНАБЕУ Реал го урна Интер, а Португалецот откри што мисли за спектаклот од 2:1

Реал тргна победнички во ЛШ, Интер падна во Мадрид по вистинска фудбалска драма.

МУРИЊО ГО ЗАПАЛИ БЕРНАБЕУ Реал го урна Интер, а Португалецот откри што мисли за спектаклот од 2:1
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид со победа го започна настапот во новата сезона од Лигата на шампионите, откако на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Интер со 2:1.

Избраниците на Жозе Мурињо до победата стигнаа благодарение на головите на Килијан Мбапе и Федерико Валверде, додека Интер во финишот успеа да ја намали предноста преку Карлос Аугусто.

Реал поведе во 14. минута. По грешка на одбраната на Интер, Брахим Дијаз ја освои топката и му асистираше на Мбапе, кој со одлична реализација го совлада голманот Јозеп Мартинез за 1:0.

Само девет минути подоцна, во 23. минута, мадриѓани го удвоија водството. По силниот пресинг, Федерико Валверде ја одзеде топката во опасната зона и ја испрати во мрежата за 2:0.

Интер не се предаде и во второто полувреме тргна по гол. Притисокот конечно вроди со плод во 77. минута, кога Карлос Аугусто го намали резултатот на 2:1.

До крајот гостите имаа неколку можности за израмнување, но Тибо Куртоа со низа одлични интервенции го спаси Реал, кој ги освои првите три бода во Лигата на шампионите.

„Задоволен сум од резултатот и освоивме три бода во првиот натпревар против многу силен тим. Овој натпревар беше спектакуларен за гледачите, додека сигурно не беше случај ниту за мене ниту за Кристијан Киву“, изјави Мурињо за „Скај Спорт Италија“.

Португалецот особено може да биде задоволен од трите освоени бода, иако Интер во голем дел од натпреварот имаше поголем посед и создаде сериозни проблеми пред голот на Реал.

CATEGORIES
Share This