ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ЗА УКРАИНА Рубио најави можност за продолжување на преговорите во наредните недели

По средбите на американските пратеници со Москва и Киев, Вашингтон гледа нова можност за враќање на преговарачката маса и постигнување решение прифатливо за двете страни.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ЗА УКРАИНА Рубио најави можност за продолжување на преговорите во наредните недели
Фото: Принтскрин

По последните контакти на американските претставници со Москва и Киев, во наредните недели би можело да се создаде услови за изработка на план за продолжување на трилатералните преговори за Украина, најави американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио вели дека Вашингтон сè уште гледа простор за дипломатско решение, но предупредува дека не треба да има ниту претеран оптимизам, ниту песимизам.

„Не сакам да бидам премногу оптимист, но не сакам ни да бидам премногу песимист. Постои можност во наредните недели да се развие план за продолжување на преговорите и, можеби, да се постигне решение кое би било прифатливо за двете страни“, изјави Рубио пред новинарите во Колумбија.

Според него, неодамнешните разговори на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва и Киев можат да бидат важен чекор кон повторно активирање на дипломатскиот процес.

Рубио нагласи дека САД и понатаму се подготвени да ја имаат улогата на посредник доколку Москва и Киев постигнат договор за продолжување на преговорите.

Американскиот државен секретар, сепак, не прецизираше кога би можеле официјално да продолжат разговорите, ниту дали двете страни веќе постигнале конкретен напредок по последните контакти.

CATEGORIES
Share This