МУЦУНСКИ СО ПОРАКА ОД СОФИЈА Не ни требаат повеќе средби, туку изградба

Министерот порача дека Коридорот 8 ќе се мери според реално изградената инфраструктура, а не според бројот на одржаните состаноци.

МУЦУНСКИ СО ПОРАКА ОД СОФИЈА Не ни требаат повеќе средби, туку изградба
Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествуваше на Меѓународната конференција за Коридорот 8, на покана на министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Муцунски се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот 8“, на кој беше истакнато дека инфраструктурните проекти долж коридорот треба да се развиваат како единствен прекуграничен систем, а не како одделни проекти што завршуваат на државните граници.

Конференцијата следува по министерскиот состанок за Коридорот 8 во Тирана, одржан на 18 февруари годинава, и претставува продолжение на иницијативата започната во Бриндизи во јули 2023 година. Во фокусот се инфраструктурните проекти долж трасата, како и политичките и финансиските предизвици за нивна реализација.

Во услови на променета геополитичка реалност, зголемени безбедносни ризици и нарушени синџири на снабдување, Муцунски порача дека Коридорот 8 одамна ги надминал рамките на класичната транспортна инфраструктура.

„Во време на геополитичка фрагментација, нарушени синџири на снабдување и обновена конкуренција за критичната инфраструктура, ваквите коридори претставуваат инструменти за отпорност, стабилност и заеднички просперитет“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека Коридорот 8 е национален стратешки приоритет и важен дел од напорите за интегрирање на Западен Балкан во европската економска и инфраструктурна архитектура, поврзувајќи ги Јадранското и Црното Море, Европската Унија и земјите од регионот.

Посебен акцент беше ставен на потребата политичките договори да се претворат во конкретни инфраструктурни проекти. Во тој контекст, Муцунски се осврна на стапувањето во сила на Спогодбата со Бугарија за подготовка, изградба и функционирање на прекуграничниот железнички тунел, како и на работата на Заедничката комисија за нејзино спроведување.

„Нашите граѓани и нашите европски партнери, на крајот, ќе го оценуваат Коридорот 8 според инфраструктурата што навистина ќе ја изградиме, а не според бројот на средби што ќе ги одржиме“, порача Муцунски.

На конференцијата беше истакнато дека Коридорот 8 има пошироко значење и за транспортот, енергетиката, дигиталното поврзување, трговијата, инвестициите, логистиката и безбедноста.

Муцунски ја потврди подготвеноста за продолацТој истовремено најави подготвеност Северна Македонија да биде домаќин на следната министерска средба за Коридорот 8, со цел неговата реализација да придонесе за посилна регионална поврзаност, поголема безбедност, економски развој и европска интеграција.ијата на кориджување на соработката со Бугарија, Албанија и европските партнери за надминување на инфраструктурните тесни грла, обезбедување финансиски средства и забрзување на реализорот.

 

CATEGORIES
Share This