МКЕДОНИЈА ВО НЕЗАВИДНА СОСТОЈБА ДА ИЗВИСИ ЗА ЕП Словенија во финишот на квалификациите ќе игра со третиот состав
Оваа одлука на словенечкиот селектор не оди во прилог на македонската репрезентација, која се наоѓа во незавидна позиција

Селекторот на ракометната репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026. На изненадување на јавноста, Зорман реши да не повика дел од најквалитетните ракометари, меѓу кои се најдоа Лесјак, Благотиншек, Зарабец, Базник, Хенигман и Влах.
Словенија ќе се соочи со Литванија и Естонија во последните два меча од квалификациите, но на овие натпревари ќе настапи со подмладен и ослабен состав. Меѓу новите имиња во тимот се Лан Грбиќ, Давид Миклавец и Ален Скледар. Иако селекцијата објави дека главна цел останува освојувањето на првото место во групата, ваквиот потег би можел да има сериозни последици врз крајниот расплет во групата.
Оваа одлука на словенечкиот селектор не оди во прилог на македонската репрезентација, која се наоѓа во незавидна позиција. Македонија е третопласирана со два бода, додека Литванија има шест. Во случај Литванија да ја победи ослабената Словенија, ќе го обезбеди второто место и директен пласман на Европското првенство.
Тоа значи дека Македонија, дури и со победи во последните две средби против Естонија и Литванија, најверојатно ќе мора да се надева на пласман преку табелата на најдобрите третопласирани селекции.
Во моменталниот поредок, Словенија е прва со осум бодови, Литванија има шест, Македонија два, додека Естонија е без освоен поен. Финалните натпревари ќе бидат клучни за исходот во групата и за евентуалниот пласман на Македонија на Европското првенство.


