МИРЧЕСКИ ГО ЗАБРАНИ НА КАНАЛ 5, БАЧЕВ НЕ ЗАМОЛКНА Не се откажуваме, не отстапуваме
Претседателот на „Единствена Македонија“ реагираше на забраната за негово гостување на Канал 5 и порача дека нема да отстапи од македонската линија.

Професорот и претседател на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, реагираше на одлуката на директорот на Канал 5, Иван Мирчески, со која му е забрането гостување во телевизијата.
„ДО КАНАЛ 5: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ. НЕ ОТСТАПУВАМЕ“, стои во насловот на неговата објава.
Бачев вели дека, и покрај притисоците и пречките, партијата продолжува по својата политичка линија.
„Не ја мериме силата на оние што се против нас, ниту ја мериме сопствената слабост. Нè води една цел – Македонија“, наведува тој.
Во продолжение, Бачев ја образложува политичката позиција на партијата, посочувајќи дека се залага за „Македонија како национална држава на македонскиот народ“, со гарантирани права за сите малцинства согласно меѓународното право.
Тој додава дека од оваа позиција нема да отстапат, без оглед на притисоците и забраните.
„Можат да нè притискаат, да ни воведуваат забрани поради нашата македонска политика, но не можат да нè откажат. Затоа што Македонија не е привремена политика“, порача Бачев.
Објавата ја завршува со порака дека Македонија, како што наведува, останува нивната борба, цел и иднина.
Реакцијата на Бачев можете да ја прочитате подолу.

