МИНИСТРИТЕ ЗА ФИНАНСИИ НА Г7 Ќе има казни за увозниците на руска нафта

Фокусот ќе биде насочен кон држави и компании кои го зголемуваат увозот на руска нафта, како и кон оние што учествуваат во заобиколување на постојните санкции.

МИНИСТРИТЕ ЗА ФИНАНСИИ НА Г7 Ќе има казни за увозниците на руска нафта
Фото: Принтскрин

Министрите за финансии на земјите од Г7 денеска соопштија дека ќе преземат заеднички мерки за зголемување на притисокот врз Русија. Фокусот ќе биде насочен кон држави и компании кои го зголемуваат увозот на руска нафта, како и кон оние што учествуваат во заобиколување на постојните санкции.

Во заедничката изјава се нагласува дека Г7 останува решителен да ги намали приходите на Русија од нафтената трговија. Министрите се согласија дека трговските мерки – како воведување царини, забрани за увоз и извоз претставуваат клучни алатки во овој процес.

Соопштението е донесено по виртуелен состанок кој се одржа денеска.

CATEGORIES
Share This