МИНИСТЕРСТВОТО ПРАЌА ЈАСНА ПОРАКА Груевски останува државјанин на Македонија, но приказната не завршува тука

Министерството за правда ги следи сите информации за наводното унгарско државјанство на Груевски.

МИНИСТЕРСТВОТО ПРАЌА ЈАСНА ПОРАКА Груевски останува државјанин на Македонија, но приказната не завршува тука
Фото: Национал

Министерството за правда соопшти дека внимателно ги следи информациите во јавноста поврзани со наводите дека поранешниот премиер Никола Груевски стекнал унгарско државјанство.

Од Министерството нагласуваат дека, без оглед на сите шпекулации и неофицијални информации за неговиот евентуален статус во Унгарија, Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и лице против кое има правосилни судски одлуки и активни постапки.

Во соопштението се посочува и дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Министерството додава дека во рамки на своите надлежности ќе продолжи да презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи во Унгарија.

CATEGORIES
Share This