МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Јазикот е темел на идентитетот и мост меѓу заедниците

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерство за образование и наука ја истакна важноста од негување на сите јазици во мултиетничкото општество.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Јазикот е темел на идентитетот и мост меѓу заедниците
Фото: Национал

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерството за образование и наука упати честитка до граѓаните.

„Јазикот претставува темелно идентитетско обележје на секој народ и чувар на историското паметење и културното наследство, но и средство преку кое се пренесуваат знаењето, вредностите и традициите од генерација на генерација. Токму затоа, и како институции и како поединци, носиме заедничка одговорност да ги негуваме македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот, влашкиот и сите други јазици што се употребуваат во нашето богато и мултиетничко општество. Само со таков пристап можеме да ги зајакнеме мостовите на меѓусебно разбирање и да создаваме заедничка, посигурна иднина“, се наведува во честитката на Министерство за образование и наука.

Од Министерството изразуваат посебна благодарност до наставниците, кои секојдневно ја носат улогата на преносители на јазикот како живо знаење и како вредност што се вградува во новите генерации.

„Остануваме посветени на креирање и спроведување политики што придонесуваат за унапредување на меѓуетничките односи преку образованието. Континуирано вложуваме во поквалитетна настава на сите наставни јазици преку современи наставни програми и нови учебници по сите предмети, вклучително и оние посветени на јазикот и културата на заедниците. Преку дополнителни обуки ги зајакнуваме компетенциите на наставниците и ги поврзуваме училиштата од различни општини со поддршка на проекти за мултикултурализам, меѓуетничка интеграција и толеранција. Честит Меѓународен ден на мајчиниот јазик!“

CATEGORIES
Share This