МИЦКОСКИ СО НЕОЧЕКУВАНА ИЗЈАВА По премиерскиот мандат се враќам таму каде што бев

Премиерот откри што планира по завршувањето на мандатот и испрати порака до оние што го поврзуваат со претседателска кандидатура.

МИЦКОСКИ СО НЕОЧЕКУВАНА ИЗЈАВА По премиерскиот мандат се враќам таму каде што бев
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека владејачкото мнозинство е подготвено да ги прифати речиси сите барања на опозицијата во врска со измените на Изборниот законик, освен предлогот за повлекување на електронското гласање за македонската дијаспора.

Тој нагласи дека токму овој модел останува цврст став на Владата и нема да биде предмет на отстапки во преговорите.

Осврнувајќи се на шпекулациите во јавноста, Мицкоски категорично ги демантираше тврдењата дека воведувањето електронско гласање за дијаспората е дел од негова лична политичка стратегија или подготовка за претседателска кандидатура.

„Во јавноста се појавија шпекулации дека мојот предлог за електронско гласање на дијаспората, почнувајќи од претседателските избори во 2029 година, е поврзан со мои претседателски амбиции. Сакам јасно да кажам дека нема да бидам кандидат. По завршувањето на мандатот како премиер ќе се вратам на универзитетот, меѓу студентите. Нема да се кандидирам ниту за премиер, ниту за претседател на државата, бидејќи немам ниту амбиција, ниту желба за таква функција“, изјави Мицкоски.

Во меѓувреме, разговорите меѓу власта и опозицијата за финализирање на измените на Изборниот законик продолжуваат на ниво на координаторите на пратеничките групи, во обид да се постигне политички консензус околу новите изборни правила.

CATEGORIES
Share This