МИЦКОСКИ: Повеќето судии и обвинители се чесни, но неколкумина им го уриваат угледот на сите

Премиерот порача дека фокусот треба да се насочи кон судската власт и оцени дека поединци го нарушуваат угледот на правосудството и довербата на граѓаните.

МИЦКОСКИ: Повеќето судии и обвинители се чесни, но неколкумина им го уриваат угледот на сите
Фото: Принтскрин

Сите очи треба да се вперени во судската власт“ порача премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, говорејќи за состојбите во правосудството и потребата од враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Мицкоски оцени дека во судството и обвинителството има многу чесни професионалци, но дека нивниот углед го нарушуваат поединци.

„Таму има многу чесни судии и обвинители. За жал, има неколкумина коишто ги контаминираат чесните судии и обвинители. Е, ние треба таму да се насочиме. Тие што ги контаминираат овие коишто се чесни судии и обвинители“, рече премиерот.

Тој нагласи дека правдата треба да ја испорачува судската власт, а не Владата или Собранието. Според него, улогата на извршната и законодавната власт е да создадат услови институциите надлежни за правосудството да можат да работат независно и да ги носат потребните одлуки.

Мицкоски направи и споредба со претходната влада, посочувајќи ги законите за амнестија и, како што рече, злоупотребата на европското знаме при носењето закони.

„Ние сакаме да обезбедиме предуслов да можат овие што треба да ја донесат правдата, тоа е судската власт, да ја донесат. И ние така се однесуваме“, истакна Мицкоски.

Тој додава дека доколку Владата постапувала како претходната, политичката одговорност би ја сносела на избори.

CATEGORIES
Share This