КАКО ИЗБЕГАЛА МИХАЈЛОВА Бачев отвори две можни сценарија и ја прозва Бугарија

Во гостувањето на ТВ 24, Бачев се осврна на можните начини на преминување на границата и порача дека македонските институции мора да го расветлат случајот.

КАКО ИЗБЕГАЛА МИХАЈЛОВА Бачев отвори две можни сценарија и ја прозва Бугарија
Фото: Принтскрин

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, во гостувањето во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 изјави дека нема дилема оти зад бегството на Ива Михајлова стои организиран чин во кој, според него, е вмешана бугарската држава, односно некоја од нејзините безбедносни служби.

Бачев ваквите сомнежи ги темели на изјавите на бугарскиот министер Демерџиев, претседателката Јотова и адвокатот на Михајлова, оценувајќи дека начинот на кој настапуваат, формулациите што ги користат и усогласеноста во нивните изјави упатуваат на организирано дејствување. Тој нагласи дека македонските разузнавачки и безбедносни служби треба професионално да ги испитаат сите околности и да утврдат дали имало вмешаност на бугарските институции.

Бачев оценува дека тврдењата во јавноста оти македонската граница била како „швајцарско сирење“ и префрлањето на вината врз граничните полицајци се само „добра забава за народот“. Според него, бегството на Михајлова можело да биде спречено единствено доколку македонската тајна служба располагала со квалитетен разузнавачки податок дека се спрема бекство, а очигледно го немала.

Бачев иронично го спореди случајот со грабнувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, оценувајќи дека објаснувањата за бегството на Михајлова повеќе личат на приказни за јавноста отколку на сериозни одговори. Како можни начини на преминување на границата ги спомена движењето преку погранични села или користењето дипломатско возило, кое ужива посебна заштита според правилата за дипломатски односи.

Осврнувајќи се на можноста за екстрадиција, Бачев посочи дека, според член 6 од Европската конвенција за екстрадиција, државите имаат право да одбијат предавање на сопствените државјани. Сепак, според него, Македонија може да побара случајот да се процесира пред бугарските судови, доставувајќи ги доказите и целокупната документација.

Тој изрази сомнеж дека постапката во Бугарија би можела да заврши со осудителна пресуда, имајќи го предвид, според неговата оценка, јавниот статус што Михајлова го стекнала таму.

CATEGORIES
Share This